Карлеуша, сепак, ќе пее на „Роштилијада“ – „Ако тие соберат 20.000 евра да не пее, јас ќе дадам дупло ама за хуманитарни цели“ – ММС
ММС

Објавено на: 07/21/22 7:00 PM

Карлеуша, сепак, ќе пее на „Роштилијада“ – „Ако тие соберат 20.000 евра да не пее, јас ќе дадам дупло ама за хуманитарни цели“

Откако „Движењето за Лесковац“ јавно ги повика сограѓаните заедно да соберат пари и да и го платат целиот хонорар од 20.000 евра на Јелена Карлеуша само за да не пее на „Роштилијада“, градоначалникот на Лесковац, Горан Цветановиќ вели дека тоа би сакал да се случи и дека тој веднаш таа сума ќе ја дуплира и ќе ја уплати во хуманитарни цели.

Првиот човек на Лесковац штотуку најави дека вегетаријанката Јелена Карлеуша, сепак, ќе ја отвори „Роштилијада“. Бидејќи многу граѓани беа незадоволни, поранешните членови на Движењето Двери, кои формираа ново движење, повикаа 20.000 жители на Лесковац да донираат по едно евро и со тоа да и платат на Карлеуша да не настапува.

Но, таа идеја не му се допадна на Цветановиќ, па потсети дека многумина протестираа пред минатогодишниот настап на Светлана Цеца Ражнотовиќ, но додаде и дека нејзиниот избор нема врска со политика. .

-Навистина посакувам да ги соберат тие пари. Колку тие ќе соберат, јас ќе дадам двојно повеќе, но не за да ја спречам Јелена Карлеуша да дојде, туку за хуманитарни цели. Така беше и со Цеца лани, па и покрај епидемиските мерки имаше многу луѓе – рече Цвтановиќ.
Тој по којзнае кој пат повтори дека секогаш ја кажува вистината, дека ништо не крие од граѓаните, но и дека не знае ниту една песна на Карлеуша.

-Таа има околу 2 милиони следбеници на Инстаграм, што значи дека луѓето ја следат и слушаат. Тоа мора да го почитуваме, не знам ниту една нејзина песна, ниту Цецина, ниту Бренина, ниту на Драгана Мирковиќ, но сите тие се наши ѕвезди – вели Цветановиќ.

Освен настапот на Карлеуша на 22 август, засега е извесно дека Рибља чорба и Весна Змијанац ќе настапат на 32-та Ростилјада, додека Драгана Мирковиќ настанот треба да го затвори со својот концерт на 28 август.

Извор: juznevesti.com