Кражба на турбинско масло во кругот на ТЕЦ „Неготино“ била пријавена во полиција. Оваа информација денеска ја потврдија за МИА од СВР Велес.
-На ден 13.07.2022 година во 12 часот, од страна на лицето Н.A е пријавено дека во кругот на АД ТЕЦ Неготино, има кражба на турбинско масло, кое било складирано во резервоар и тоа по нивно интерно мерење, недостасуваат 3500 литри турбинско масло, рекоа од СВР Велес.