„Сè беше како во бајка, таа е моето девојче, мојата слабост“ – Пејачот Дарио ја омажи ќерката – ММС
ММС

Објавено на: 07/21/22 1:40 PM

„Сè беше како во бајка, таа е моето девојче, мојата слабост“ – Пејачот Дарио ја омажи ќерката

„Моето девојче“, под ваков наслов пејачот Дарио Панковски објави фотографии од венчавката на неговата ќерка Андреа и објави дека добил зет.

ММС го контактираше Дарио, кој рече дека е пресреќен, но и дека како на секој татко, му е тешко, бидејќи Андреа му е слабост.

-Андреа е моето девојче, мојата слабост, тоа е општо познато. Ме праша „среќен ли си“ и ѝ реков „Да, среќен сум ама…“

Така како Дарио се чувствуваат сите татковци кога ќе дојде денот нивната миленичка да тргне по сопствен пат и да оформи свое семејство.

Дарио ни рече дека околу венчавањето нема многу да зборува, но токму поради тоа и ги објавил фотографиите само од него и Андреа.

-Венчавка, матично и ресторан само со најблиските сè во еден ден. Сведба не, свадба понатаму. Ова беше само венчавка, најтесен круг. По нивна желба беше во Охрид во малата црквичка кај Канео, се вика „ Св. Петка“. Тука сè се случуваше, ручек и матично во ресторанот и венчавка во црквата. Беше мало славење, но преубаво, како бајка, вели Дарио за ММС и додава:

-Што да објаснувам друго кога сум пресреќен, ете мојата слабост, моето девојче се омажи.  Добро е што се во Скопје инаку да беше далеку не знам што ќе правев, се пошегува тој.