(Видео) Очајно плачело по мајката додека се обидувале да ја освестат – Драматична акција на ветеринари и волонтери за спасување мајка и бебе – ММС
ММС

Објавено на: 07/21/22 10:04 PM

(Видео) Очајно плачело по мајката додека се обидувале да ја освестат – Драматична акција на ветеринари и волонтери за спасување мајка и бебе

На драматичната видео снимка е забележано како тим на ветеринари и волонтери на националниот парк Khao Jai во централен Тајланд, спасуваат слонче кое паднало во шахта и мајка слоница која се обидува да го спаси.

Според зборовите на претставникот на паркот, едногодишното слонче кое одело во придружба на својата мајка паднало во шахтата.

За да го извлечат младенчето, спасувачкиот тим бил принуден да испали стрели со анестезија за да ја смират вознемирената мајка слонлица. Меѓутоа, слончицата така зашеметена самата паднала во одводот,  тако што за среќа, барем слончето можело да цица.

Спасувачите потоа со дигалка ја подигнале мајката кој од стрес се онесвестила. Членовите на тимот успеале да го извлечат слончето, да ја освестат слончицата и да ги вратат во дивината.