Запален уште еден автомобил ноќеска во Прилеп – ММС
ММС

Објавено на: 07/21/22 9:52 AM

Запален уште еден автомобил ноќеска во Прилеп

Ноќеска гореше семејното возило на Васе Никоска, Раководителка на Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина во Општина Прилеп. Во краткиот телефонски разговор за Канал 77, Никоска потврди дека возилото од марка „пежо“, паркирано пред куќата, е запалено ноќеска околу 2 часот.
Прва забележала ќерката, а потоа и сопругот на Никоска.
-Ова е порака. Повеќе од материјалната штета е стравот и стресот што го преживуваме, изјави Никоска.
Таа вели дека не знае кој може да го предизвикал пожарот. Не знае ниту кому му се има замерено.
Ноќ претходно гореа две возила на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Петар Ристески. Полиција соопшти дека привела едно лице, кое го сомничи за опожарување на возилото на пратеникот Ристески.
Претходно изгоре и автомобилот на директорот на ЈКП “Koмуналец” од Прилеп.

фото:архива