Македонија испраќа еден вод и хеликоптер во поддршка на гаснење на пожарите во Грција – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/22 10:27 PM

Македонија испраќа еден вод и хеликоптер во поддршка на гаснење на пожарите во Грција

Владата во знак на солидарност и во насока на зајакнување на партнерството и соработката со Република Грција, на денешната 63-та седница донесе одлука за испраќање на припадници и капацитети на Армијата на Република Северна Македонија во поддршка на гасење на пожари, во Грција.

Како што соопштија од владината прес – служба, се работи за припадници на Армијата со јачина од еден вод, со вкупно 30 припадници и хеликоптер со посада и потребни капацитети за гасење на пожар.

– Сите потребни мерки и активности за координација со властите во Република Грција, во врска со поддршката при гасењето на пожарите ги презема Министерството за одбрана- Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението.