Ќе ѝ дадеме 20.000 евра само да не пее – Лесковчани ја бранат „Роштилијада“ од Карлеуша – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/22 7:39 PM

Ќе ѝ дадеме 20.000 евра само да не пее – Лесковчани ја бранат „Роштилијада“ од Карлеуша

Откако градоначалникот на Лесковац, Горан Цветановиќ изјави дека Јелена Карлеуша ќе ја отвори 32-та Роштилијада со нејзиниот настап вреден 20.000 евра, многумина лесковачани се незадоволни од ваквиот избор, но и од високата цена.

Против настапот на Карлеуша се и Движењето за Лесковац, од каде велат дека заедно со граѓаните  има иницијатива да го соберат целиот хонорар и да и понудат само да не пее во Лесковац.

Од Ново движење, кое се роди откако го напуштија Покрет Двери поради несогласување со политиката на Бошко Обрадовиќ, посочуваат и дека Роштилијада мора да изгледа поинаку, поквалитетно и покултурно во сите сегменти, вклучително и во изборот на изведувачите. Затоа решиле заедно со граѓаните да соберат 20.000 евра, да ѝ ги понудат на Карлеуша и со тоа да го спречат нејзиниот настап на 22-ри август на отворањето на фестивалот за скара.

-Почнуваме кампања за пронаоѓање на 20.000 лесковчани кои се спремни да дадат по едно, две, три или повеќе евра (до висината на службената такса за настап, па дури и повеќе, ако треба) за да соберат доволно средства за хонорарот што ќе ѝ го понудиме на дотичната дива само да не пее во центарот на нашиот град – стои во соопштението.

Додаваат и дека, доколку Карлеуша одбие, ќе го платат целиот износ за хуманитарни цели во договор со лесковчани.

Минатогодишната Роштилијада ја отвори Светлана Цеца Ражнатовиќ, а лесковчани тогаш почнаа и петиција за пренасочување на парите за лекување на деца.

Извор: juznevesti.com

Фото: Инстаграм