Вчера вечерта во населбата Ѓорче Петров се случиле две тепачки. Жената што ја истепале во првата тепачка, по 10 минути натепала друга жена.
Еве што вели МВР:
-На 19.07.2022 во 22.30 часот во СВР Скопје, Ј.М.(52) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, била физички нападната од З.С.(46) од Скопје. Исто така, во 22.40 часот Н.С.(24) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Ѓорче Петров, поради меѓусебно нетрпение, била физички нападната од Ј.М.(52) од Скопје. По документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци, информираат од МВР.