Му донирала бубрег, а тој ја изневерил: Девојка разочарана од своето неблагодарно момче – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/22 9:00 PM

Му донирала бубрег, а тој ја изневерил: Девојка разочарана од своето неблагодарно момче

Можете ли да замислите ситуација во која некому му го спасувате животот, а токму тој е оној кој најмногу ве повредил во животот? Токму тоа ѝ се случило на Колин Ли, но за своето добро дело таа не се покајала, иако момчето за кое требало да се омажи ѝ забило нож во грбот, и тоа не еден туку многу, а благодарение на неа тој бил спасен од канџите на смртта.

Оваа девојка неодамна на ТикТок ја сподели приказната за своето добро дело со неочекуван исход. Во видеото кое го објави, Колин слави бидејќи нејзиното момче добило втора шанса за живот, откако му донирала бубрег.

Меѓутоа, славењето траело кратко бидејќи набргу потоа таа дознала дека тој ја изневерувал. Своето, сега веќе поранешно момче, Колин го запознала во 2015 година, а по само неколку месеци врска тој се соочил со серизни здравствени проблеми. Му била неопходна итна трансплантација на бубрег, па Колин одлучила да биде донор.

Колин истакнува дека во тоа време, важно било да се реагира брзо.

„Кога се запознавме тој веќе беше на дијализа, односно функцијата на бубрегот му беше под пет проценти, па јас се чувствував лошо. Беше итно и му беше потребен бубрег што е можно побрзо. Технички тој од мене не побара бубрег, но ми помогна да се тестирам“ раскажува Ли. Од друга страна, тој ѝ покажувал брошури за тоа кој треба да повика ако сака да дознае дали таа е соодветен донот. А својата состојба никогаш не ја криел. Бидејќи не можела да дозволи да му се случи нешто лош. Колин одлучила на своето момче да му донира бубрег, со што би се подобрил квалитетот на неговиот живот. Меѓутоа тој не ѝ се заблагодарил на убав начин.

„Видов каков беше и колку се бореше за своето здравје, па веќе бев уверена дека сакам да му помогнам. По операцијата ние продолживме со нашата врска и сѐ беше во ред следните седум месеци“, истакнува таа. Сепак, раскажува дека нејзиното момче откако било на ергенска вечер дошло ненајавено кај неа кажувајќи ѝ дека ја изневерил.

„Ненајавено дојде кај мене, за да ми каже дека ме изневерил. Мојата првична реакција беше повреденост. Тој беше христијанин и секогаш имаше високо ниво на морал па дефинитивно ме шокираше тоа што ме издаде на таков начин по сѐ што направив за него. Се чувствував искористено“, вели Колин. Сепак, таа решила да му даде втора шанса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Colleen Le (@colleeeniie)

„Искрено, размислувајќи наназад, не знам зошто мислев дека таа прилика нешто ќе му значи. Мислев дека животот ќе го поминам со него. Три месеци подоцна имавме кавга преку телефон, а тој одеднаш го прекина разговорот бидејќи морал да ја чита Библијата“, искрена е Ли.

Кога инсистирала да разговараат, тој раскинал со неа.

Му реков „не можеме ли само да разговараме за тоа“? Него тоа толку многу го налути што тој еднставно раскина со мене и ми рече „ако Бог сака да бидеме заедно, тогаш на крајот повторно ќе пронајдеме заеднчки пат“, раскажува таа.

Потоа тој ѝ спуштил и ѝ го блокирал бројот, но ја блокирал и на сите социјални мрежи. Девојката нагласува дека по раскинувањето била очајна и дека најмногу ја болело тоа што таа му донирала бубрег на својот поранешен партнер.

„Навистина мислев дека остатокот од животот ќе го поминам со него, го сакав толку многу што му го спасив животот. Со самиот факт дека толку лесно ја раскина врската со мене, имав чувство како никогаш ни да не сум постоела во неговит живот, беше навистина тешко да преболам“, споделува таа.

По два месеца добила порака од него. Сакал да ја однесе на вечера, баш во периодот кога навршувала една година од нејзината донација.

„Не одговорив, бидејќи чувствував дека ми се обраќа поради чувство на вина. И покрај крајниот исход, сепак не би го повлекла спасувањето на неговиот живот“, признава Колин.

 

Извор: stil.kurir.rs