МВР информира дека привела едно лице кое се сомничи дека го запалило автомобилот на пратеникот Ристески.
-На 20.07.2022 во полициска станица во СВР Битола-ОВР Прилеп е приведено едно лице, кое е осомничено во врска со пријавата во 01.45 часот дека на ул.„Цар Самоил“ во Прилеп настанал пожар во патничко возило „шкода кодиак“, со прилепски регистарски ознаки, сопственост на П.Р.(45) од Прилеп, од кој било зафатено и патничко моторно возило „пежо 206“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко Б.Р.. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Увид извршила увидната екипа на ОВР Прилеп и во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.