За неполна недела повторно сообраќајна незгода во Тиквешијата помеѓу мотоцикл и автомобил, и во овој случај со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот – информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
– На ден 25.09.2018 година околу 11.30 часот во Демир Капија на ул.„Партизанска“ случена е сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл марка „Јамаха ХТ 250“ без реистарски броеви управувано од Д.Н.(27)од с.Чифлик – неготинско и патнички автомобил марка „Ситроен берлинго“ со неготински регистарски броеви управуван од З.П.(51) од Демир Капија. Во незгодата е повреден возачот на моторциклот кој е пренесен во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци каде се констатирани тешки телесни повреди и истиот е задржан на лекување.
Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Неготино.
Статистички гледано според полициските билтени, најголемиот број од сообраќајките се случуваат за викенд, кога има загинати и повредени лица а за најкритични се сметаат летните месеци, зашто тогаш се случуваат најголемиот број од несреќите кои завршуваат со тешки последици.
За намалување на нивниот број полицијата работи на подигање на свеста кај возачите за почитување на правилата во сообраќајот, ограничување на брзината и неуправување на моторни возила под дејство на алкохол. Инаку посебно внимание се посветува и на младите категории возачи, пред се’ во управувањето на моторцикли и мотори каде е задолжително носење на заштитна опрема.
Билјана Тошевски