Макрон со остри критики за политиката на Трамп (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 09/26/18 8:00 AM

Макрон со остри критики за политиката на Трамп (ВИДЕО)

Остри критики до светските лидери во Њујорк  кои ги гледаат исклучиво само своите интереси и дека национализмот секогаш води кон пораз, порача францускиот претседател Емануел Макрон.

„Не дозволувајте нашата историја да доживее крах. Нашите деца тоа го гледаат“, порача Макрон пред светските лидери, во обраќањето на Генералното собрание на Обединетите Нации.

Макрон укажа и на порастот на скептицизмот кон ОН, ЕУ и другите меѓународни организации, како и на заморот од мултилатерализам, но истовремено предупреди на опасноста од самодоволност и изолација.

Стравственото залагање на францускиот претседател за глобална соработка, откако американскиот претседател, Доналд Трамп пред учесниците порача дека ќе ја брани политиката во стилот „Америка на прво место“, беше пропатено со ракоплескање во салата.

Истовремено, Макрон повика на иранската криза со дијалог и мултилатерализам, за разлика од намерата на Трамп да го изолира Техеран.