Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во Штип направиле акција за поседување дрога и лишиле од слобода двајца.
-На 19.07.2022 во 17.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода С.Ш.(38) и Д.Ш.(36), двајцата од Штип. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени саксија со засадено растение канабис, исушени листови од растението канабис, дробилка, боев куршум за автоматска пушка и други предмети кои потекнуваат од кривично дело.Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.