По меѓувладината конференција и заедничката прес конференција, македонската, албанската влада и европските претставници организираа неформална средба, односно коктел по повод отпочнувањето на преговорите.
Симболично тие заеднички пресекоа торти со знамињата на двете држави и ЕУ
Посетата на Брисел завршува уште денес, откако претходно премиерот Ковачевски објави дека ги отпочнуваме преговорите со Унијата.
Погледнете го свеченото сечење на тортите:
Фото: Вања Мицевска