Уште една потерница по Груевски, Боркица го бара за развод – ММС
ММС

Објавено на: 07/19/22 5:15 PM

Уште една потерница по Груевски, Боркица го бара за развод

Пред Основниот граѓански суд сопругата на бившиот премеир Никола Груевски, Боркица поднела барање за развод.

Со оглед на тоа што Груевски е побегнат од државата во огласот  за тужениот е наведено дека е со непозната адреса и пребивалиште.  Поради тоа и судскиот оглас е објавен вчера во Службен весник, бидејќи нема поинков начин за да знае тој.

-Пред Основниот граѓански суд во Скопје е поднесена тужбата од тужителката Боркица Груевска од Скопје, против тужениот Никола Груевски од Скопје, со непозната адреса, за развод на брак, со вредност на спорот 20.000 денари, се вели во огласот.

На Груевски ова му е втор брак, претходно беше женет со докторката Арбутина. Со Боркица се омажи во мај 2007 година и имаат две ќерки.

Во 2018 година Груевски избега во Будимпешта. Во потрага по него не е само обвинителството, туку и сопругата, по 15 години брљак и неколку години разделени.

Фото: фактор.мк