Градонацалничке Данела Арсовска ве замолувам за брзо решение, велат вработени од Зоолошката градина во Скопје, по скандалот, кога со дозвола на директорот заклани се здрави коњи.
Вработените трпеле тортура не само од луѓето по скандалот, туку и од директорот, за кој велат дека иако е еменет се уште доаѓал на работа. Тие се во очај, па за да нивната мака допре побргу до градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, тие решија да и се обратат со писмо, кое го објави Војо Иванов на Фејсбук, кој е вработен во Зоолошка и познат љуботел на животните.
Прочитајте го писмото, кое го објавуваме во целост:
Висиме со штетни одлуки и наредби со закана. Не ми се допаѓа ваква јавна преписка како панаѓур,но за жал работите брзо се одвиваат и може повторно да излезат од контрола! Ова за жал ,сметам дека е најбрз начин информацијата да стигне до Вас. Колеги веке ги гонат кривично за извршување наредби, затоа да Ве потсетам дека насетувам повторување на слично дело,одбивам да бидам во слична состојба како и нив, затоа ви најавувам и молам за брзо решение -доколку сте во можност,стоиме на располагање со група вработени. Не барам титула,ниту покачување,ниту некаков специјален статус во установата! Немам и сум немал такви амбиции, уживам во мојата професија Зоонеговател! Направив се во последните години за да моите колеги гордо излегуваат пред публиката,ја едуцираат и мотивираат да ја сакаат природата,животните и нашата установа!
Деновиве за жал на улица ни дофрлуваат работи кои не направија да се чувствуваме мизерно, лошо…чувство не неприпадност.Фамилии од мои колеги трпат стрес и омаловажување ,се само од една штетна одлука на директор…
Замолувам пак:
Директор кој ќе не остави да работиме со животните-а не да чистиме паркинзи и тоалети со човецки измет, директор што ќе има почит кон сите луѓе инволвирани во установата -а не да не омаловажува вербално. Директор што ќе има слух за вработените и животните! Директор што на Зоолошката ке гледа како на установа од која треба првенствено да направи дом за животните- а не луна парк и вашар. Знам дека се соочувате со технички проблеми. Можда може заеднички да дојдеме до решение. Најдете време и дојдете прва слободна прилика. Можеме да јадеме заедно(од бараките -пешки сте за 10мин кај нас). Вие и ние колегите што секој ден без оглед дали се 40 или -15 степени ,дали е пандемија, дали е празник или неработен ден се таму на „Илинденска“ за да направат живот за тие таму и бар малку да им вратите надеж за враќање на прав пат. И да не ми забранува со точак да се возам низ ЗОО,многу време ми зема пешачење на 13 хектари- повеќе работа ке завршам вака.