Османи ја објави едностраната изјава на Северна Македонија, приложена кон Записникот од правата Меѓувладина конференција – ММС
ММС

Објавено на: 07/19/22 2:01 PM

Османи ја објави едностраната изјава на Северна Македонија, приложена кон Записникот од правата Меѓувладина конференција

Пред малку на својот Фејсбук профил се огласи министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој ја објави, како што вели, едностраната изјава на Северна Македонија
-Во име транспарентноста, за која секогаш ќе се залагам, уште денес, на веб страницата на Министерството за надворешни работи, е објавена едностраната изјава на Северна Македонија, која e приложена кон Записникот од правата Меѓувладина конференција. Македонскиот јазик е неспорен и од денес станува рамноправен во семејството на официјални јазици на ЕУ и ничија друга еднострана издвоена изјава не може тоа да го поништи, напиша Османи.
Погледнете ја изјавата на овој линк.