Најновиот извештај што го опфаќа периодот од 1940 година па денеска, покажува дека повеќе од 3670 деца се жртви на педофили од католичката црква во Германија. Големи момчиња се киднапирани, а илјадници свештеници извршиле злосторства.
Овие податоци биле откриени на црковната конференција, а претходно истите резултати од извештајот биле објавени во „Шпигел“. Објавените информации предизвикаа лавина реакции во општеството.
Претпоставите се дека бројот на злоупотребувања на децата е многу поголем, а голем дел од жртвите не пријавиле дека се силувани. Германскиот министер за правда Катарина Барли исто така, призна дека статистиката колку и да е шокантна сега е „само врв на ледениот брег“ и инсистираше Црквата да даде свое објаснување.
Во последната деценија Католичката црква откри илјадници вакви и слични случаи во многу земји во светот, откако беше под притисок да престане да прикрива педофили во своите редови.