Вархеји повикан да ја објасни својата радост од влегувањето на бугарските загрижености во македонската преговарачка рамка со ЕУ – ММС
ММС

Објавено на: 07/19/22 12:13 PM

Вархеји повикан да ја објасни својата радост од влегувањето на бугарските загрижености во македонската преговарачка рамка со ЕУ

На заедничката прес конференција во Брисел по завршувањето на Првата меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ, евроамбасадорот Оливер Вархеји беше прашан да се дообјасни. Што мислеше со твитот во кој беше многу радосен да соопштите дека сите бугарски загрижености се внесени во преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија. Директен одговор, секако изостана, а Вархеји не одговори ни на прашањето како ќе спречи годишните извештаи од член 12 од Договорот за добрососедство да не станат пречка за текот на преговорите. Тоа е актуелната најголема загриженост на македонските граѓани.
-Извештаите на Комисијата се годишни активност што ја правиме многу години со Северна Македонија. Но, можеби медиумите не го откриле тоа. Но, известуваме за добрососедските односи и така и ќе продолжиме. Сам по себе извештајот е со цел да ги презентира фактите не само за земјите членки, туку и за пошироката јавност и ќе продолжиме да го правиме тоа, одговори Вархеји.
Одговарајќи на прашањето како ќе се случат уставните измени, како услов за вистински почеток на преговорите, кога опозицијата јасно кажа дека е против, а без тоа не може да се случат, Вархеји упати директна порака до опозицијата – да покаже европски вредности и државата да направи пресврт.
-Уставните измени ќе мора да се случат. За тоа постои јасна посветеност, преземена не само од владата, туку и од и Собрание. Затоа кажав дека ова е најдемократскиот начин да се добие мандат од владата, затоа што уредувањето на францускиот предлог вклучува дел од компетенциите на Собранието и затоа беше важно да се вклучи. Се надевам од сега натаму сите политички партии вклучително и опозицијата ќе работат за европската иднина и нема да започнат со контроверзии, нема да започнат со предизвикуваат емоции, кои нема да ја носат земјата напред. Емоции кои нема да резултираат со ништо битно за земјата. И затоа ја повикувам опозицијата, а имав прилика да видам како се надминаа границите на европските вредности во текот оваа дебата. Се надевам со оваа одлука, со Првата меѓувладина конференција ќе можеме да направиме пресврт и Северна Македонија брзо да стане земја членка, одговори Вархеји.
Тој потсети на изјавите на опозицијата во кои тврдат дека се посветени на ова членство и очекува да го докажат тоа.
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски очекува Собранието да ја докаже својата посветеност на како што рече, втората стратешка цел на државата – членството во ЕУ.
Собра ја потврди со одлука, каде се вклучени повеќе партии и од власта и од опозицијата. Слушнавме се’ и сешто во Парламентот. Слушнавме недолични зборови од страна на одреди пол партии од опозицијата. Сепак, мнозинството граѓани претставени од своите пратеници ја донесоа одлуката, благодарение на која ја имавме Првата меѓувладина конференција, а по нејзиното заврши вицепремиерот и владиниот тим ќе го почне скринингот. Одговорноста е на пратениците на опозицијата да учествуваат во оваа дебата и понатаму, рече Ковачевски.
Според него, ќе има многу чекори понатаму до финале, а Собранието е место каде треба да бидат донесени тие следните чекори.