Ја тресна вратата и тоа беше крај на нашата љубов – Неда Украден прозборе за неуспешните врски и зошто не се премажила – ММС
ММС

Објавено на: 07/19/22 8:00 PM

Ја тресна вратата и тоа беше крај на нашата љубов – Неда Украден прозборе за неуспешните врски и зошто не се премажила

На Неда Украден никогаш не и недостигала љубов во текот на животот.

Мажите секогаш сакале да бидат во нејзино друштво и фантазирале да бидат со неа. Пејачката никогаш не се плашела да носи радикални одлуки, па штом престанала да биде среќна, се развела од тогашниот сопруг, режисерот Милан Билбија, со кој ја има ќерката Јелена.
„Не ни одеше. Врската и љубовта почнаа да се нагризуваат. И кога ги премина границите на убавото, реков – не. Само што најдов ново гнездо, го опремив станот, донесов работи од сите страни на светот… Но јас сепак заминав. И не се плашев… Отидов во половина соба. Судот ми ги додели и детето и станот и мислам дека сум единствената жена што го оставила станот сопругот“, рече Неда и додаде дека не се премажила поради детето:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden)


“Не се омажив затоа што сум жена со дете. Јас сум првенствено мајка и се останато. Кога си сам, одиш со куферот каде сакаш. Но, кога имаш дете.. Носење дете во нова средина, во нов град, нов јазик. Ќерка беше тука, јас таму, две баби, двајца дедовци, активности. Дури еднаш имав закажано свадба, дури и датум за свадба, но се откажав поради ќерка ми“, изјави Неда за „ХРТ“, а сега се присетила на една љубов која завршила неславно.
„Тоа ми се случи во животот. Имав прекрасна љубов, хирург, кој полуде… Хирургот не полуде во смисла на хирургија, туку дома. Ја тресна вратата, рече нешто грдо, страшно, и тоа беше крајот на нашата врска“, рече Неда.

Извор: Курир.рс