Бајага со сопругата не живеел три години, а се развеле уште лани – Сите детали за распадот на совршениот брак – ММС
ММС

Објавено на: 07/19/22 7:00 PM

Бајага со сопругата не живеел три години, а се развеле уште лани – Сите детали за распадот на совршениот брак

Веста дека Момчило Бајагиќ Бајага се разведува од сопругата Емилија ја шокираше јавноста во целиот регион.

Музичарот е познат по тоа што никогаш јавно не зборува за приватниот живот и дека секогаш се труди да избегнува да одговара кога новинарите го прашуваат за семејството.
Во неколку интервјуа кажа неколку зборови за своите деца, синот и ќерката кои се полнолетни, како и за сопругата за која имаше само пофални зборови. Така се создаде впечаток дека нивниот брак е идеален и дека нема проблеми, но се чини дека не е така.
Според изворот на српски Курир, Бајага и Емилија долго време не живееле заедно, а разводот бил неизбежен.
– Не ја знам точната причина поради која раскинаа, но сигурно знам дека не живеат заедно од 2019 година. Веројатно мислеле дека ќе ја надминат кризата и не поднеле веднаш барање за спогодбен развод, но бидејќи тоа не се случило решиле и формално да го прекинат бракот. Тоа се случи во мај 2021 година, кога се одржа последното судско рочиште и тогаш нивниот брак се разведен. Емилија и Бајага за време на бракот стекнале имот кој го поделиле подеднакво, едниот стан во Белград нејзе, а другиот нему – вели нашиот соговорник близок до музичарот.
Кантавторот не сакаше оваа вест да се прошири во медиумите и се обиде на секој начин да го сокрие фактот дека се развел од сопругата, тврди нашиот извор.
– Не сака неговото име да се споменува во весниците во друг контекст освен кога е музиката во прашање. Знам точно дека не им кажал на пријателите детали за разводот. Неколку од нив знаат за тоа, но ништо не го прашуваат. Бајага одржува редовни контакти со децата, стана дедо, син му доби дете, во тој поглед се работи се во најдобар ред. Колку што знам, и неговата поранешна сопруга има редовен контакт со децата и се гледаат, но не знам каков однос има со Бајага по разводот – рекол тој.
Бајагиќ вчера не одговори на повиците, а ниту Емилија, пишува српски Курир.
Но, во едно од интервјуата, музичарот раскажа како ја запознал сега веќе поранешната сопруга.

– Ема живееше во Земун, а се сретнавме во автобус. Во автобус првпат ја прашав дали сака да излезе со мене во недела, а таа ми рече дека не излегува во недела. Мене ми беше како да ме олади, оти кој не излегува во недела? Претпоставувам дека Ема излегуваше во сабота, од она што го знам. Тогаш не поставив дополнително прашање, бев воодушевен. Дури по неколку месеци почнавме – изјави еднаш музичарот за Новости.

Како што во една прилика призна Бајага, сите свои песни и ги посветил на Емилија, на која неи бил лесен теретот на неговата слава:
– Врската како врска никогаш не била искушение, но секако не и било лесно на Ема. Кога си јавна личност, секакви работи за тебе се појавуваат во медиумите. Ема се справи со тоа навистина добро. Не можевме да одиме на одмор некаде каде што одат сите. Се сеќавам дека едно лето во Мљет отидовме на далечна плажа да бидеме сами. Меѓутоа, од некаде се појавија пет луѓе, кои само седеа и зјапаа во нас. Мене најглупава финта ми беше да кажам дека немам девојка за да ме бркаат девојките. Луѓето ве сакаат поради вашата музика. Да не правам добри песни, немаше ни да ме сакаат.

Тие живееле заедно седум години пред да се венчаат. Момчило и Емилија се во брак од 1989 година.