Веста дека станав татко ја дочекав во Загреб, Алба порани пет дена – Грашо се подготвува за мекици – ММС
ММС

Објавено на: 07/18/22 9:51 PM

Веста дека станав татко ја дочекав во Загреб, Алба порани пет дена – Грашо се подготвува за мекици

Семејствата Хуљиќ и Грашо имаат големи причини за славење овие денови. Мало девојче дојде на свет пет дена пред терминот и ги изненади сите. Ова го призна и гордиот дедо Тончи кој откри како поминало породувањето.

– Многу сме среќни! Алба малку брзаше да дојде на свет, но своевремено малку порано на свет дојдоа нејзината мајка Хана и нашиот Иван – изјави Тончи за „Јутарњи лист“, а Грашо додаде:
– Мама и бебето се добро, се помина добро. Бебето е здраво и среќно.
Хана утрото пристигнала во сплитското породилиште, а кога родила Грашо бил во Загреб. Му се јавиле членовите на семејството и го известиле за ситуацијата, а тој потоа влегол во автомобилот и заминал за Сплит. Веста дека неговата сопруга е во болница го фатила откако слетал на аеродромот во Загреб од Северна Македонија.
Кога Хана се породи, Петар наздравил со неколку пријатели и Тончи, но вистинската прослава допрва следува.

– Семејно славевме, но допрва ќе правиме вистинска забава за да ја прославиме свадбата и раѓањето на бебето – вели Тончи и низ смеа открива дека не сака внуката да го нарекува „дедо“:

Тој ја потврди и информацијата дека девојчето се вика Алба.

-Петар и Хана однапред се договорија малата да се вика Алба. Тоа е име со латинско потекло и доаѓа од зборот албус (бело, светло). Алба на италијански и шпански значи зора, па може да се каже дека девојчето го добило името по таткото на Петар, Зоран. Инаку, да беше момче, ќе се викаше Тончи, по неговиот дедо и по мене – рече Тончи.

Хана и Грашо се венчаа во февруари во Сплит, а венчавката се одржа во кругот на семејството, кумовите и најблиските пријатели.

Извор: telegraf.rs

Фото: Инстаграм