Да се укине правото на вето во ЕУ заговара Германија – ММС
ММС

Објавено на: 07/18/22 3:52 PM

Да се укине правото на вето во ЕУ заговара Германија

Шефот на германската влада Олаф Шолц е подготвен да го поддржи укинувањето на правото на вето во ЕУ, пренесе ФАЦ. Оваа опција многу се дискутираше во последните недели. Познато е дека неколку водечки нации на групата се подготвени да поддржат.
-Благодарение на многу важни одлуки што ги донесовме од почетокот на годината, ЕУ направи голем чекор кон тоа да стане геополитички играч. Треба да најдеме единство во оние области каде што предолго бараме единствено решение“, соопшти Шолц.

Германија ќе даде конкретни предлози на оваа тема. Идејата е да се надминат постојаните разлики меѓу земјите во групата. Важно е да се најде единство што може да се одржи. Германскиот челник смета дека треба да се стави крај на едностраното суспендирање на важни одлуки од страна на одделни земји.

Шолц додаде дека ЕУ станува многу атрактивна и отворена за нови земји, но за тоа вистински да стане,  потребни се важни реформи.