(Видео) На оваа скапотија направете евтин и вкусен ручек со макарони, пиперки и пилешко – ММС
ММС

Објавено на: 07/18/22 1:46 PM

(Видео) На оваа скапотија направете евтин и вкусен ручек со макарони, пиперки и пилешко

Ако сакате нешто брзо и вкусно, тогаш макарони со пилешко и пиперки треба да бидат ваш избор. Особено ќе ве воодушеват евтините состојки и лесната подготовка.

Состојки: 250 гр пилешко филе, 1 главица кромид, 1 црвена пиперка, 160 гр макарони, 200 мл крем за готвење (може и павлака).
Подготовка: Сварете ги макароните и за тоа време подгответе го сосот. Месото исечкајте го на коцки, пропржете, па додадете го исечканиот кромид. Зачинете со сол и бибер, па додадете ја пиперката исечена на ленти. По неколку минути истурете го кремот и убаво измешајте. Кога сосот е готов додадете ги макароните кои претходно сте ги процедиле. Промешајте.