„Нешто што само јас ке го имам“ – Мурињо и Месина се истетовираа на стари години – ММС
ММС

Објавено на: 07/18/22 12:54 PM

„Нешто што само јас ке го имам“ – Мурињо и Месина се истетовираа на стари години

Тренерот на фудбалерите на Рома, Жозе Мурињо, на 59-годишна возраст за прв пат се истетовира, а на истиот чекор се одучи и четири години постариот стратег на кошаркарите на Олимпија, Еторе Месина.

Мурињо се одлучи на десното рамо да ги истетовира трофеите во Лигата на шампиони, Лига Европа и Лигата на конференции, обиени во боите на клубовите со кои ги освои титули во трите европски клупски натпреварувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho)


– Радоста на римјаните ме натера да го направам ова. Размислував за некоја посебна тетоважа, некоја со која би им одал признание на сите клубови со кои ги освојував европските натпреварувања. Истовремено, посакував уникатна тетоважа, која само јас можам да ја имам, изјави Мурињо, кој со Порто и Интер ја освои Лигата на шампиони, со Манчестер јунајтед триумфираше во Лига Европа, а на Рома и го донесе успехот во Конференциската лига.

Од друга страна, 63-годишниот Месина се одлучи за едноставна тетоважа, на која на десното рамо е испишано „Олимпија 2022“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ettore Messina (@et.messina)

МИА