Вака изгледа задоволна жена по првата брачна ноќ – Џеј Ло пушти селфи од кревет – ММС
ММС

Објавено на: 07/18/22 7:00 PM

Вака изгледа задоволна жена по првата брачна ноќ – Џеј Ло пушти селфи од кревет

По бројните шпекулации дека Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчале, Лопез по првата брачна ноќ сподели селфи од кревет, покажувајќи го својот венчален прстен.


Младенците ги споделија и првите фотографии од венчавката и покажаа дека љубовта победила.
Лопез блесна во романтична венчаница од тантела. Пејачката откри дека на свадбената церемонија облекла „фустан од стар филм“.


Вљубениот пар не можеше да ги задржи емоциите, а беа фотографирани во романтични моменти како се галат.
Пејачката не издржа, а веднаш по првата брачна ноќ сподели фотографија од брачниот кревет на која гордо го покажува својот венчален прстен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1)

Лопез дополнително ги воодушеви своите следбеници, бидејќи на лицето нема ни трошка шминка. Сосема природна и насмеана ја покажа моќта на љубовта.

„Честитки“, „Твојата насмевка секогаш ми кажува сè“, „Блескаш госпоѓо Афлек“ – коментираат нејзините следбеници.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)