Над 200 летови откажани во Италија поради штрајк – ММС
ММС

Објавено на: 07/17/22 7:00 PM

Над 200 летови откажани во Италија поради штрајк

Повеќе од 200 летови се откажани денеска во Италија поради четиричасовниот штрајк на вработените на аеродромите и авиокомпаниите.

Имаше откажани летови во Италија, но и голем број откажувања кон Франкфурт, Париз, Лондон и Цирих.

Неколку италијански синдикати свикаа штрајк, што влијаеше на италијанскиот авиопревозник ЕНАВ, како и на авиокомпаниите Рајанер, Изи Џет и Волотеа.

Како што наведуваат италијанските медиуми, штрајкот е поради спор околу правата на вработените, условите за работа и минималните плати.

 

МИА