Санкционирани 91 пијаници, најмногу од Битоа и Велес – ММС
ММС

Објавено на: 07/17/22 2:17 PM

Санкционирани 91 пијаници, најмногу од Битоа и Велес

При полициска акциска контрола на територијата на државата, спроведена изминатата ноќ во периодот од 23 до 5 часот наутро, санкционирани се 91 возач кои управувале возило под дејство на алкохол.

Од нив, 53 се казнети на територија на СВР Битола, а осум на територија на СВР Велес.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведуваат од МВР.