Во Софија денеска министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска го потпишаа билатералниот протокол по состанокот на заедничката меѓувладина комисија.
Според најавите, протоколот треба да биде објавен по неговото потпишување.
-За нас е историска можност што после 17 години кандидатски статус РСМ има можност преговорите да се почнат уште утре, задутре со ЕУ со што почнува последната фаза од нашето пристапување кон ЕУ. Се надеваме дека и овој билатерален процес на соработка со Бугарија и другиот пат на пристапни преговори со ЕУ ќе овозможат поблиска соработка меѓу нашите две држави. Очекуваме поддршка од РБ на овој пат на кој почнуваме преговори кон ЕУ се во интерес на двете држави. Ова е само еден нов почеток и се надевам дека од денес отвараме ново поглавје на односи меѓу нашите држави, од обичните граѓани до политичарите, преку комуникација на високо политичко ниво со цел да се надминат сите предизвици, сите пречки на патот за да продолжиме на тој пат на европско сојузништво мегунашите две држави, рече Османи.
Покрај министерот Османи, во состав на македонската делегација се вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за економија Крешник Бектеши, како и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
Потпишувањето на протоколот и одржувањето на состанокот на меѓувладината комисија следуваат откако вчера францускиот предлог беше одобрен од страна на Владата по усвојувањето на заклучоците во македонското Собрание.
Погледнете го потпишувањето: