Македонското Собрание испиша историја, се огласи Ќучук на Твитер – ММС
ММС

Објавено на: 07/16/22 3:00 PM

Македонското Собрание испиша историја, се огласи Ќучук на Твитер

Македонското Собрание испиша историја за иднината на Северна Македонија, а со тоа се отворија вратите за членството на земјата во ЕУ – напиша на Твитер известувачот за Северна Македонија, Илхан Ќучук лидер на Европските Либерали, претставник на бугарската партија ДПС.

 Со 68 гласа „ЗА” беше усвоен францускиот предлог, а со тоа конечно се отворија вратите за членство на земјата во Европска Унија. Време е да се оди напред!, напиша Ќукук.