Ако беше толку добра работата за Македонија немаше да ги чува полиција како во Бејрут. Ова им се само алиби, а ние ќе го врвиме најдолгиот пат и ќе победиме. Информацијата што ја усвои владата на Ковачевски помина во Собрание. Сакам со особено чувство на гордост да му се заблагодарам на народот, кој покажа дека Македонија е жива и демонстрираше воља за борба за својата иднина и татковина.
Ова меѓу другото го рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес конференцијата, која заврши пред малку.
Мицкоски се осврна на неколку работи, но најмногу на усвоените предлог заклучоци за францускиот предлог.
-Ова не беше битка ниту моја, ниту на ВМРО ДПМНЕ, заслугата е на народот. Ова не е крајот туку почетокот на заедничкиот бедем кој Македонија ќе ја врати на народот. Но, ништо не е завршено. Договорот претставува срам за цела држава и предавство на националните и државни интереси. Ова е комплетирање на вториот дел од предавстсвото почнато од Заев во 2017 година. Знам дека сега не се свесни, но ќе помине се’, ќе помине пратеничкиот имунитет, се’ ќе заврши и за неколку години повторно ќе треба да го погледнат народот во очи. Сега се фокусирани на гола борба за фотељи, ја предаваат а не заборавија да крадат, за тендери во четири очи. Ќе дојде ден кога ќе одговараат. Се ставија на темната страна на историјата, рече тој и додаде:
-Договорот ќе добие зелено светло деновиве во Владата. За тоа колку е гарамтиран македонскиот јазик кажа вчера портпаролката на ЕК. Сега почнуваат бугарските асимилаторски барања за промена на учебницит, за преиначување на историјата стануваат услов за влез во ЕУ и додека тие не се исполнат нема почеток на преговори. Тежок дебакл на дипломатијата, тимот на најнеспособните Ковачевски и Маричиќ, а иако на Бујар му е полна устата за Македонија, тој работи за други интереси. Газат врз гробовите на нашите херои. Лузна и за партијата СДСМ, која стана чирак на големобугарската кауза. Ништо не е готово, а нардот не треба да тагува, борбата продолжува и ќе победиме. Информацијата која помина во Собрание нема никакво значење, а внесувањето на Бугарите во Уставот нема да помине во Македонското собрание. Народот може да биде спокоен, ова не е 2019 година. На иницијатива на пратениците како гаранција се заврени изјавите на 44 пратеници на нотар дека со мирна совест и здрава свест нема да дозволат промена на Уставот. Ниту еден пратеник нема да го одобри ова предавство, сите изјави им се заверени. Нема отстапување, ниту чекор назад, бидејки позади нас е се што имаме, рече тој.
Мицкоски кажа и дека ако не беше ова предавство „тогаш ќе го сочувавме нашето достоинство до крај“.
-Но, со ова не значи дека е загубено, ќе биде потешко, но ништо не е завршено додека не се промени Уставот. Ова што сега ќе се случува во Брисел е фото можнос уште еднаш да згазнат на црвениот килим на неколкумина криминалци и предавници во Влада, за што ќе одговараат, рече Мицкоски, рече тој на крајот.
На новинарско потсетување дека Бујар Османи веќе бил министер во влада на ВМРО ДПМНЕ и за кои интереси работи, Мицкоски рече:
-Мој не бил и никогаш нема да биде. Ако јас ја составувам идната влада Бил на некој друг. Ако јас ја составувам идната влада имам услов тој човек да не биде ниту службеник, а не министер. А јасно е дека работи за интересите на Албанија, рече тој.
Со 68 гласа „за“ Собранието ги усвои предлог заклучоците од СДСМ и ДУИ за францускиот предлог