Собранието со 68 гласа „за“ ги усвои предлог заклочоците поднесени од СДСМ и ДУИ по разправта за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори со Европската Унија, предложена од страна на француското Претседателство со Советот на ЕУ.
Со усвоените предлог заклучоци и’ се даваат насоки на Владата за што може да преговара со Европската унија.
Со заклучоците се бара безусловно почитување на јазичните, идентитетските, културните и историските особености на нмакедонскиот народ. Се задолчува валадата во преговарачката рамка македонскиот јазик да биде наведен без какви било дадовки и фусности и во текот на претовоирите, владата да не прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа наведено во преговарачката рамка.
На гласањето не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, а денешната седница ја следеше и евроамбасадот Дејвид Гир.