Приведени двајца насилници што на протестот на 5 јули физички нападнаа полициски службеници, поднесена кривична пријава – ММС
ММС

Објавено на: 07/16/22 1:32 PM

Приведени двајца насилници што на протестот на 5 јули физички нападнаа полициски службеници, поднесена кривична пријава

На 15.07.2022 полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа К.С. (18) од Тетово и М.Д. (24) од Скопје затоа што на 05.07.2022 околу 21 часот, за време на одржување на јавен сoбир фрлале со камења кон полициските службеници и зградата на Собранието и физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејства.

До надлежното обвинителство поднесена е кривична пријава за кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по член 385 од КЗ, по што лицата се изнесени пред судија на претходна постапка.