Апасиев: Со сељаците, сељачки – Костовски: Може да реши нокаут на улица – ММС
ММС

Објавено на: 07/15/22 10:25 PM

Апасиев: Со сељаците, сељачки – Костовски: Може да реши нокаут на улица

Кавгата меѓи Димитар Апасиев и Мартин Костовски од Собрание се префрли на социјалните мрежи.
И двајцата на Фејсбук профилите оставија коментари упатени еден на друг.
-Да се контролираш во даден момент од пцовки и навреди од “невротичниот” колега е одлика на здрав ум. Безброј навреди, колнења и закани можеби може да ги реши еден нокаут, но тоа на улица не во храмот на демократијата. Лудилото ќе се заборави, ама рационалноста народот ќе ја памети.
Свесен дека не му поминуваат лагите за бугаризација и асимилација на Македонците, не му преостана ништо друго освен да се заканува со физичко насилство. Агресијата на Апасиев кон мене, е само изблик на неговата немоќ, и ништо повеќе од тоа. Впрочем, насилничкото однесување на Апасиев, не е ништо ново ниту за нас пратениците, ниту за граѓаните.Тоа е истиот оној Апасиев кој се закануваше дека ќе стрелал луѓе, кој секојдневни се заканува, клевети, шири говор на омраза, напиша меѓу другото Костовски.
Апасиев, пак, на својот профил само кусо напиша:
„Со сељаците сељачки, со интелектуалците, интелектуално“.