(Видео) Прв и последен пат да ти биде да ми мафташ со прст, му рече Апасиев на Џафери – ММС
ММС

Објавено на: 07/15/22 8:21 PM

(Видео) Прв и последен пат да ти биде да ми мафташ со прст, му рече Апасиев на Џафери

„Не се ни слуша.ти ме исклучи, како да зборувам. Не идев у етер како да зборувам“ е само дел од разговорот меѓу Димитар Апасиев и Талат Џафери на собраниската говорница.

Апасиев беше лут што, како што рече, Џафери го исклучил, но пред да си замине од собраниската говорница му рече:

-Значи прв и последен пат да ти биде да ми мафташ со прст, еве јас што ти кажувам, рече Апасиев пред да ја напушти говорницата.

На тоа Џафери рече:

„Ќе ти биде скршен тој прст“

Погледнете го видеото:

Апасиев подоцна се кошкаше и со пратеникот Мартин Костовски од СДСМ. Причината наводно била пцовка. Горан Мисовски и арбер Адеми ги смируваа.