Децата пораснаа, а тој остаре – Каде летува семејството на Џорџ Клуни? – ММС
ММС

Објавено на: 07/15/22 7:00 PM

Децата пораснаа, а тој остаре – Каде летува семејството на Џорџ Клуни?

Сопругата на Џорџ Клуни, амал уште еднаш ја воодушеви јавноста со своето модно издание носејќи винтиџ Валентино црвено-крем мини фустан додека се качуваше на брод со своите близнаци.

Со преубавиот фустан таа искомбинира и чанта од дизајнерот Валентино Гаравани . Од сонцето се заштити со огромен сламен шешир и темни сончеви очила, а имаше и еспадрили во крем боја. Она што на сите им го привлече вниманието, иако брачниот пар ги штити своите деца од фотографите, е дека пораснале преку ноќ.

Џорџ и Амал и понатаму најголем дел од своето време го поминуваат на езерото Комо во Италија, па така и овој пат отидоа на излет во близина на својот имот. Исто така, она што им остави впечаток на фановите е тоа дека Џорџ нагло остарел, на корисниците на социјалните мрежи коментираат дека татковството во шестата деценија не му паѓа баш лесно.