„Мојата татковина се продава на бугарската влада, како што името се продаде на грчката“ – Музичарот Благој Љамов се обрати на светот – ММС
ММС

Објавено на: 07/15/22 12:33 PM

„Мојата татковина се продава на бугарската влада, како што името се продаде на грчката“ – Музичарот Благој Љамов се обрати на светот

Сакам целиот свет да знае дека владата на мојата татковина Македонија ја продава нашата земја, нашиот јазик, нашата нација, на бугарската влада. Сосема исто како што неодамна го продадоа нашето име на грчката влада.

Ова го вели позатиот кларинетист од Велес, Благој Љамов, кој живее и работи во Малме, Шведска, но поради неговата музика го знаат во светот.

Тој на својот Фејсбук профил напиша:

-Она што боли е дека остатокот од Европа е ок со тоа што овие држави ја негираат Македонија додека истовремено не е ок кога Русија ја негира Украина.

Постојат потврдени факти дека нашата нација е постара, нашиот јазик е постар, од каде доаѓа кирилицата… Оваа глупост што ја прават Бугарите и корумпираната македонска влада ќе направи проблеми насекаде, не само кај во мојата Македонија. Затоа на сите мои пријатели од целиот свет сакам да им порачам: Внимавајте кого го гласате кај вас. Ова може да се случи и кај вас, ако гласате за криминалци, националисти и корумпирани милијардери. Тие прават бељи во своите држави по целиот свет, напиша  Ламњов и додаде:

-Срце ми се кине кога ќе ја видам страшната пропаганда преку Википедија каде познати Македонци (поети, писатели, музичари) кои се бореле против фашистичка Бугарија во Втората светска војна, сега се претставуваат како бугарски поети, музичари, напиша Благој.

Во биографијата на Љамов пишува дека е образован во Шведска, САД и Македонија. Првата турнеја ја направи како 13-годишно момче и оттогаш настапува во повеќе европски земји, како Кина, Јапонија, САД и Канада.
Работел за Универзитетот во Гетеборг, Универзитетот Лунд, Стокхолм Стадштатерн, операта во Малме, симфонискиот оркестар Хелсингборг, Циркус Циркор…
Дебитирал како солист со симфониски оркестар во јануари 2020 година со симфонискиот оркестар Норшепинг во Шведска.

Има диплома за изведба на класична музика од Музичката академија во Малме, Шведска, како и диплома за изведба на Колеџот за изведувачки уметности во Чикаго во САД. Студирал и на Универзитетот ДеПол во Чикаго и Државниот универзитет во Мичиген во Ист Лансинг, Мичиген.