„Истибањско здраво-живо“: Млади фолклористи од светот по 33. пат ги развеселија Истибања и Виница (видео) – ММС
ММС

Објавено на: 09/25/18 2:35 PM

„Истибањско здраво-живо“: Млади фолклористи од светот по 33. пат ги развеселија Истибања и Виница (видео)

ММС, 25.09.2018
Петнаесетина фолклорни ансамбли, од кои седум од странство, а останатите од Македонија, настапија на 33. издание на меѓународниот фолклорен фестивал „Истибањско здраво-живо“ што се одржа од 15 до 19 септември.
[youtube https://www.youtube.com/watch?v=eYqo-vM5q58]
Домашните и странските ансамбли традиционално прво настапија на свеченото отворање во саботата, на 15 септември во Истибања, гостуваа и во соседната Македонска Каменица, во понеделникот во Виница го заиграа најголемото оро со танци на народите, а со дефиле и со финален концерт на сите учесници Фестивалот заврши во средата вечерта на виничкиот плоштад „Ангел Винички“.

Стојко Митковски, директор на Фестивалот, вели дека, како реномиран детско-младински фестивал за учесници од 12 до 18 години, „Истибањско здраво-живо“ е дел од светските организации на УНЕСКО – ЦИОФ и ИОФ, а во изминатите 33 години на него годишно настапувале во просек по 15 до 20 домашни и странски фолклорни ансамбли, при што се склопиле многу пријателства меѓу млади луѓе од целиот свет.
Од настапите на гостите од странство
„Горди сме што Фестивалот поврза многу луѓе од целиот свет“
– Една од главните цели на Фестивалот е и зближување на нашите млади со младите од светот. Се изродија многу такви другарства и пријателства што траат и со години, се склучија и повеќе бракови. Многумина што се спријателија млади