Млади гостиварци од различни етникуми и вери преку културни активности учат за мултикултурализам – ММС
ММС

Објавено на: 09/25/18 2:28 PM

Млади гостиварци од различни етникуми и вери преку културни активности учат за мултикултурализам

Млади гостиварци од различни етникуми и вери се зближуваат и учат за мултикултурализмот преку уметност. Во рамки на проектот Заедно кон Европа, во Гостивар се одржа мултиетничка куклена престава.

На Мултиетничката куклена престава учествуваа гостиварските средношколци кои преку уметноста се дружат и стекнуваат нови знаења и вештини. Активностите се дел од проектот „Заедно кон Европа” и опфаќаат мултикултурни работилници, куклен театар и изработка на разни уметнички дела.

Во рамки на проектот кој го спроведува Здружението „Силиндарт” од Гостивар, беше организирана куклена претстава Црвенкапа на македонски, албански и турски јазик, наменета за првачињата.

 Куклите  за преставата ги изработија средношколците.Проектот се реализира во рамки на манифестацијата Нов културен бран, со финансика поддршка на Министерството за култура .

Зоран Димовски