Мали навики што ќе ви помогнат да се ослободите од болката во грбот – ММС
ММС

Објавено на: 07/16/22 4:00 PM

Мали навики што ќе ви помогнат да се ослободите од болката во грбот

Болката во грбот е една од најчестите болки во современиот свет, особено кај луѓето над четириесет години.

Повеќето водат седечки начин на живот, па не е чудо што телото пати. Сепак, не грижете се, бидејќи постојат  трикови кои ќе ви помогнат да се ослободите од болката и да се вратите во претходната форма. Всушност, станува збор за навики, вежби и правилно „ракување“ со телото.

Пливање

Сигурно досега многупати сте прочитале дека пливањето е одлично за грбот, па сега е време конечно да го посетите најблискиот базен и да го искористите летото за секојдневно пливање. Пливањето е одлично бидејќи го ослободува телото од притисокот. Доколку пак, имате поголеми проблеми со грбот, советувајте се со лекар или со физиотерапевт за стилот на пливање.

Избегнувајте виткање

Запаметете еднаш засекогаш – товарот треба да го кревате со помош на нозете, а не на грбот. Ако ви падне кутија или пак, ќеса со намирници на подот, не наведнувајте се со грбот. Ова е уште една причина да почнете да правите скворови, кои ќе ви помогнат задникот да стане поцврст.

Мал мост

Болката во грбот најчесто е последица на лошото држење на телото, што води кон дисбаланс. Со зајакнување на мускулите на трупот и со правилна мобилност, ќе го подобрите држењето на телото и ќе се ослободите од болката. Една од најдобрите вежби за овие цели е „мал мост“, која ќе ви помогне да ги заканете мускулите. Вежбата се изведува на тој начин што е потребно да легнете на грб, да ги свиткате колената и да активирате на мускулите на задникот и трупот кревајќи се од подот и потоа заземајќи позиција на штица од колената до рамената. Останете во оваа положба десет секунди, па опуштете се и вратете се во почетната положба. Повторете ја вежбата десет пати.

Внимавајте на држењето на телото

Постојат секојдневни мали навики кои може да ги промените и на тој начин да си го подобрите држењето на телото, односно да се ослободите од болката во грбот. Најважно е да се фокусирате на правилното држење на телото. Сетете се на реченицата која родителите често ви ја кажувале во детството. Исправете се додека работите на компјутер, исправете се додека одите. Главната причина за болката во грбот е лошото држање. Можете да го подобрите со споменатото пливање, или пак со јога и пилатес.

 

Извор: zena.rtl.hr