„Патот кон ЕУ е поплочен со предавства – Не за ЕУ“: Протест пред Собрание – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/22 2:04 PM

„Патот кон ЕУ е поплочен со предавства – Не за ЕУ“: Протест пред Собрание

Никогаш северна, само Македонија! Со овој слоган денес започнаа протестите пред Собрание, против францускиот предлог.

Демонстрантите потоа ја испеаја химната  „Денес над Македонија се раѓа“.

Пред Собранието денеска напладне почна протестот против францускиот предлог, додека во Собранието се обраќаше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Македонци уште се борат за своите правдини“, „Слободна ја сакаме, не сакаме протекторати“, „Стоп за бугаризација“ се дел од пораките на учесниците на протестот, кои се собраа со знамиња и транспаренти, а присутен е и претседателот на Левица Димитар Апасиев.

Погледнете ја галеријата од атмосферата пред Собрание:

Фото: Вангел Тануровски