Гори приемното одделение во затворот Идризово – ММС
ММС

Објавено на: 09/25/18 1:54 PM

Гори приемното одделение во затворот Идризово

Во приемното одделение на затворот Идризово попладнево избувна пожар во кој е зафатена кровната конструкција, потврди за МИА директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ.

Во пожарот нема повредени лица, а според првичните информации причина е застарената електрична инсталација.

Лицата од приемното одделение во моментот безбедно се префрлени во други простории.

Бригадата за протипожарна единица на Град Скопје интервенира со неколку возила.

 

Извор:МИА