Да и помогнеме на Нил (7), потребни се пари за операција во Турција – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/22 12:15 PM

Да и помогнеме на Нил (7), потребни се пари за операција во Турција

Нил Насуфоска (7) е родена со церебрална парализа. Нил е оперирана во Скопје, но безуспешно и сега и е потребна помош за нова операција.

Нејзините родители се обидуваат да соберат средства малата Нил да се оперира во Турција бидејќи се убедени дека се уште има надеж за своето дете да има нормално детство.
Таткото Раим Насуфовски се обрати до нашата редакција со апел за помош.

Семејството има и финансиски проблеми. Благодарение на добронамерниците веќе им е изградена куќа, но најголемиот проблем кој се обидуваат да го решат благодарение на донатори е да се обезбедат средства за операција на детето.

Сметки за Македонија и странство

250-0320004288-30 (ШПАНСКА БАНКА)

МК07250322220218933 (ШПАРКАСЕ БАНКА)

БРОЈ ЗА КОНТАКТ: 070 448130