Партијата Левица денеска обвини дека бил извршен претрес во кампот пред Собранието, каде кампуваат нивни активисти во пресрет на одржувањето на собраниската седница за францускиот предлог.
-Безбедносните структури утрово, околу шест часот упаднаа во кампот пред Собранието на Република Македонија, каде што кампуваат активисти на Левица, а воедно голем дел од нив се членови на Црвена Младина. Без никакво предупредување и со дрско однесување правеа претрес со кучиња и ги испразнија шаторите на камперите, кои мирно и достоинство кампуваат од синоќа – соопшти Амар Мециновиќ од Левица.
Тој исто така, обвини дека истите структури пред неколку денови дозволиле вперување на пиштоли кон граѓаните кои како што рече, мирно протестирале.
Неуспешни се сите обиди за заплашување на министерот Оливер Спасовски да внесе страв меѓу граѓаните. Денес, во 12 часот, ќе упатиме гласно -не до сите пратеници и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен – додаваат од Левица.