Бил Гејтс донира 20 милијарди долари, не сака да биде толку високо на листата на најбогати – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/22 7:00 PM

Бил Гејтс донира 20 милијарди долари, не сака да биде толку високо на листата на најбогати

Американскиот мултимилијардер Бил Гејтс ќе префрли 20 милијарди долари од своето богатство на „Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс“, која ќе ги зголеми финансиските дарување во светот на глобални предизвици, вклучувајќи ја и војната во Украина.

Оваа фондација е една од најголемите светски филантропски организации, а планира да ги зголеми своите исплати за 50 проценти во однос на нивото пред пандемијата, со приближно 6 милијарди долари на 9 милијарди долари секоја година до 2026. Фондацијата првенствено е фокусирана на добротворно давање на парите со цел да се подобри здравјето, родовата еднаквост и образованието на глобално ниво.

Бил и Мелинда Гејтс ветија дека ќе донираат огромен дел од своето богатство на фондацијата која заедно ја основаа пред 20 години. Со проценета нето вредност од околу 114 милијарди долари, Бил Гејтс во моментот важи за четврти најбогат човек на светот според индексот на Блумберг.

Сепак, тој нема намера секогаш да биде рангиран толку високо.