Имала болки во вратот, сега ги мрда само очите и прстите: Девојка се парализирала по посета на киропрактичар – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/22 9:00 PM

Имала болки во вратот, сега ги мрда само очите и прстите: Девојка се парализирала по посета на киропрактичар

Девојка останала парализирана откако посетила киропрактичар, а нејзиниот брат јавно ги раскажал шокантните детали.

Девојка од Савана останала парализирана откако посетила киропрактичар, каде што отишла на „местење“ на вратот. Дваесет и осумгодишната Кејтлин Џенсен отишла кај киропрактичар поради болки во вратот, а нејзиното семејство раскажала дека често имала вакви тешкотии. По само неколку минути, Кејтлин доживеала мозочен удар и срцев застој. Таа сега е парализирана и се наоѓа на интензивна нега. Лекарите рекле дека немала пулс подолго од десет минути.

„Утрово разговаравме со неа, зборувавме, а половина час подоцна таа заврши во болница. Може да ги отвори очите, може малку да ги помести прстите, но тоа е тоа“, изјавил нејзиниот брат Кејлеб за локалната телевизија. Семејството почна и акција за собирање пари за лекувањето на девојката.

Утврдено е дека Кејтлин имала редок здравствен проблем, поточно дисекција на дури четири аорти. Можно е киропрактичарот тоа да не го знаел и со третманот да предизвикал страшни последици на оштетените крвни садови.

„Оваа состојба е ретка, но може да предизвика симптоми како што се болка во вратот или главоболка, поради што луѓето се одлучуваат да посетат киропрактичар. За жал, голема е веројатноста да добијат мозочен удар за време на третманот“, изјавил Стив Раницки, киропрактичар кој не бил вклучен во случајот. Човекот кој ја лекувал Кејтлин одбил да го коментира случајот за медиумите.

 

Извор: mondo.rs

Фото: Gofundme