Македонската телевизија одлучи годинава Лара и Ирина да ја претставуваат државата на детскиот Евросонг
Лара Трпческа е ќерка на Симон Трпчески, нашиот најдобар пијанист.
Пресреќен поради ова, тато Симон и посака среќа и на наследничката и на Ирина.
-Се чувствувам гордо и среќно – по официјалното објавување дека ќерка ми Лара е избрана да ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг оваа година! Со среќа Лара и Ирина, напиша Сином на својот Фејсбук профил.
Изборот ќе се одржи на 11 декември 2022 година во Ереван, Ерменија.