Како бојата на очите открива склоност кон одредени болести – ММС
ММС

Објавено на: 07/15/22 3:55 PM

Како бојата на очите открива склоност кон одредени болести

Бојата на очите на човекот може да одреди на какви очни болести тој или таа се подложни, смета рускиот офталмолог Татјана Шилова.

Според ова, луѓето со кафени очи се склони кон глауком поради пигментирани ириси, а тоа е болест којашто може да доведе до слепило. Од друга страна, луѓето со светли очи имаат помалку заштитен пигмент, па нивните очи се помалку отпорни, т.е. почувствителни на Сонцето.

– Таквите луѓе имаат поголема веројатност да страдаат од меланоми, т.е. малигни тумори, изјави д-р Шилова.

Ако ирисот е со различни бои (тн. шарени очи), тоа укажува на опасност од хетерохромија. Таа се јавува како последица на лекови и може да сигнализира почеток на посериозно заболување, што треба да се сфати како причина за загриженост. Ваквите промени се алармантни, според докторката.