(Вознемирувачко видео) Ајкулите кои убија две жени биле „сексуално луди“ и ги штителе јајцата, велат експерти зазаштита на животни – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/22 9:11 AM

(Вознемирувачко видео) Ајкулите кои убија две жени биле „сексуално луди“ и ги штителе јајцата, велат експерти зазаштита на животни

Ајкулите одговорни за двата фатални напади во Египет го сториле тоа затоа што биле „сексуално луди“ и ги штителе своите јајца, велат експертите.

Две жени беа убиени во водата на 600 метри една од друга во близина на Сахл Хашиш во Црвеното Море на почетокот на овој месец, поради што полицијата ги затвори плажите.

Првата жртва беше Романка чие тело беше пронајдено „осакатено“ како лебди на корали во неделата (3-ти јули), два дена откако беше пријавено за исчезнато. Друга жртва, 68-годишната Елизабет Зауер, била дивјачки изгризана од невидена ајкула додека нуркала. Била видена како плива назад кон брегот откако и ја одгризале раката и ногата, а потоа починала од шок во амбулантно возило.

По нападот, локалните екологисти ја открија причината поради која се случија агресивните и необични убиства.
“Egyptian streets” известуваат дека локалниот комитет за заштита на животната средина смета дека не е случајно што нападите се случиле за време на сезоната на размножување и несење јајца на ајкулите. Ова се случува од средината на април до крајот на јули и може да предизвика ајкулите да дејствуваат поагресивно кон оние кои пливаат покрај нив. Застрашувачкото е што некои експерти веруваат дека двете убиства би можеле да ги изврши истата територијална „скитничка ајкула“.

Сем Пуркис, претседател на Катедрата за морски геонауки на Универзитетот во Мајами, вели дека е „можно“ истата ајкула да е вмешана.

„Повеќето ајкули се пелагични – живеат во отворени води – и луѓето нормално никогаш не би ги сретнале, но Црвеното Море е поинаку“, додава експертот за Сан Онлајин.


Други причини поврзани со нападот вклучуваат прекумерен риболов, прекумерно нуркање, како и хранење на луѓето со риби, што предизвикува морските животни да бараат нови места за хранење во плитки области. Со цел да се спречат идни напади на краток рок, се препорачува да се прекине рекреативниот риболов и да се ограничат активностите за нуркање само под надзор на лиценцирани водичи. Ќе се развие и сеопфатен план за заштита на морскиот свет, се додава во извештајот, пренесува “Egyptian streets”.

„Бев во Црвеното Море во 2020 година за да означам ајкули со цел за заштита. Поминавме седум недели во потрага и за тоа време најдовме само четири. Луѓето се лоши за ајкулите. Тие јадат дебели суштества како фоки и туна. Ние сме како пилешко крило со коски без сос во споредба со тоа“.

Извор: Мондо.рс