Познатиот актер Бредли Купер наводно има нова девојка, а како што пренесуваат странските медиуми, таа е многу влијателна политичка личност во Америка.
Станува збор за Хума Абедин, најблиската соработничка на Хилари Клинтон и поранешна сопруга на политичарот Ентони Вајнер. Двојката ја запознала уредничката на Вог, Ана Винтур, која е и добра пријателка на Купер и Хума, пренесува Пејџ Сикс (.Page Six)
Оваа информација ја потврди неименуван извор за споменатиот медиум, велејќи:
View this post on Instagram
“Бредли е во врска со Хума веќе неколку месеци, но и двајцата тоа го кријат. Тој раскина со колешката Дијана Агрон и веднаш почна да излегува со Хума”. Изворот додаде дека 45-годишната политичарка тоа им го кажала на неколку пријатели.
„Тие се совршени еден за друг. И двајцата се занимаваат со моќни бизниси, политика и луѓе“, вели изворот.
Бредли и Хума Абедин се уште не ги коментирале овие изјави, пренесува Информер.рс.
Фото: Принтскрин Јутјуб